Class Central is learner-supported. When you buy through links on our site, we may earn an affiliate commission.

WHO Тренинг за Болничка нега на Сериозни Акутни Респираторни Инфекции

via OpenWHO

Overview

Save Big on Coursera Plus. 7,000+ courses at $160 off. Limited Time Only!

Добре дојдовте на краткиот тренинг-курс за Болничка нега на Сериозни Акутни Респираторни Инфекции (САРИ) на СЗО

Ве молиме запомнете: Материјалите што се користат во овој курс во моментов се ревидираат за да ги одразуваат ажурирањата на техничката содржина. Сите учесници во курсот ќе бидат известени откако ќе бидат направени овие ажурирања.

Syllabus

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - français - русский - Português - Bahasa Indonesia - Tiếng Việt - Español - العربية - Tetun - සිංහල - Казақ тілі

Краток преглед: Краткиот тренинг-курс на СЗО за Болничка нега при Сериозни Акутни Респираторни Инфекции (САРИ) опфаќа содржини за раководење со пациенти во болница кои боледуваат од сериозни акутни респираторни инфекции.

Овој курс е наменет за лекари специјалисти кои работат во одделенијата за интензивна нега (ОИН) во земји со ниски и средни примања и лекуваат возрасни пациенти и пациенти во педијатриски одделенија кои боледуваат од сериозни форми на акутни респираторни инфекции (САРИ), вклучувајќи акутна пневмонија, акутна респираторна слабост (АРС), сепса и септичен шок. Овој тренинг-курс претставува практичен водич кој би го користеле здравствените експерти вклучени во критично раководење со нега на болни за време на епидемии предизвикани од инфекции на вирусен грип (сезонски грип) кај луѓето, како резултат вирус на птичји грип (Х5Н1, Х7Н9), БИРС-КоВ, нКоВ или други епидемии кои се појавиле како резултат на вирусни епидемии кои ги напаѓаат на дишните патишта.

Општи цели: На крајот на овој курс, учесниците ќе:

  • Располагаат со потребните инструменти кои ќе може да се користат за нега на критично болните пациенти, почнувајќи од прием во болница па сѐ до отпуштање од болница.

Времетраење на курсот: Приближно 10 часа.

Сертификати: За учесниците кои ќе завршат 90% од материјалот на курсот, ќе биде достапна Потврда за Учество.

Целна група: Овој курс е наменет за лекари специјалисти кои работат во одделенијата за интензивна нега (ОИН) во земји со ниски и средни примања.

Преведено на македонски од Clinical Care Severe Acute Respiratory Infection, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на македонски, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Модул 1: Вовед во нКоВ и СКИ:

    Овој модул опфаќа клинички обновени податоци за нКоВ од 30.01.2020 и Спречување и Контрола на Инфекцијата (СКИ) кај пациенти со Сериозни Акутни Респираторни Инфекции (САРИ).
  • Модул 2: Болнички Синдроми и Патофизиологија на Сепса и АРС:

    Овој модул ги опфаќа болничките синдроми и патофизиологијата на сепса и АРС.
  • Модул 3: Тријажа:

    Овој модул ја опфаќа тријажата и раното препознавање на пациентите со САРИ. Вклучени се две сценарија со таканаречено играње улоги.
  • Модул 4: Мониторинг:

    Во овој модул учесниците ќе учат за мониторинг на пациенти со САРИ.
  • Модул 5: Дијагностика:

    Во овој модул учесниците ќе учат за диференцијална дијагностика, собирање на примероци и САРИ дијагностички тестови.
  • Модул 6: Кислородна Терапија:

    Во овој модул опфатена е кислородната терапија.
  • Модул 7: Антимикроби:

    Овој модул ја покрива антимикробијалната треапија и нејзиното модифицирање после толкувањето на дијагностичкиот тест.
  • Модул 8: Сепса:

    Во овој модул учесниците ќе учат како се изведува реанимација кај целна група на случаи со сепса и септичен шок.
  • Модул 9: Механичка Вентилација:

    Во овој модул учесниците ќе учат како се изведува инвазивна механичка вентилација кај акутна реписраторна слабост (АРС) а притоа да се заштитат белите дробови.
  • Модул 10: Успивање со Седативи:

    Во овој модул е опфатена инвазивната механичка вентилација за АРС, справување со болки, вознемиреност и делириум.
  • Модул 11: Најдобри Совети за Спречување Компликации:

    Овој модул ги опфаќа најдобрите практични совети за спречување на компликации.
  • Модул 12: Ослободување од Механичка Вентилација:

    Во овој модул учесниците ќе учат за ослободување од механичка вентилација.
  • Модул 13: Квалитет на Негата кај Критично Болните:

    Овој модул го опфаќа квалитетот на негата кај критично болните пациенти.
  • Модул 14: Подготвеност за Пандемија и Етички Согледувања :

    Во овој модул учесниците ќе учат за подготвеност при пандемија и етички согледувања.

Reviews

Start your review of WHO Тренинг за Болничка нега на Сериозни Акутни Респираторни Инфекции

Never Stop Learning.

Get personalized course recommendations, track subjects and courses with reminders, and more.

Someone learning on their laptop while sitting on the floor.