Class Central is learner-supported. When you buy through links on our site, we may earn an affiliate commission.

Алатка CVIC –користење на алатката за процена на трошоците за воведување и распределба на вакцините против КОВИД-19

via OpenWHO

Overview

Save Big on Coursera Plus. 7,000+ courses at $160 off. Limited Time Only!

Алатката CVIC е алатка на СЗО-УНИЦЕФ, дизајнирана да им помогне на земјите во процесот на планирање и процена на трошоците за вакцинација против КОВИД-19. Целта на овој курс е да се прикаже употребата на алатката CVIC. Курсот е наменет за менаџерите и персоналот на националните програми, кои се вклучени во процесите на процена на трошоците, буџетирање или финансирање на испораката на вакцините против КОВИД-19 во една земја.

За овој курс, ќе треба да ја преземете најновата верзија на CVIC алатката. Ве молиме испратете ги вашите податоци за контакт преку брз „следач на ажурирани информации“ за да можете да се информирате кога ќе биде достапна ажурирана верзија на алатката.

Овој курс се заснова на CVIC алатката верзија 2.2. Најновата верзија 2.3 нема значителни разлики, така што овој курс е сè уште валиден и може да ви даде преглед на употребата на алатката.

Ве молиме контактирајте со [email protected] доколку имате какви било прашања во врска со алатката.

Syllabus

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English

Краток преглед: Алатката CVIC обезбедува структурирана и сеопфатна процена на зголемените оперативни и избрани капитални расходи за воведување и распределба на вакцините против КОВИД-19. Овој курс има за цел да обезбеди детален приказ на употребата на алатката CVIC и да прикаже како можат да се добијат излезните податоци и истите да се толкуваат од алатката. Овој курс е наменет за менаџерите и персоналот на националните програми, кои се вклучени во процесите на процена на трошоците, буџетирање или финансирање на испораката на вакцините против КОВИД-19 во една земја.

Цели на учење: До крајот на овој курс треба да можете:

  • да се запознаете со структурата и деталите на алатката CVIC
  • да ја користите алатката CVIC за процена на трошоците за воведување вакцини против КОВИД-19
  • да го разберете моделот на алатката CVIC
  • да се запознаете со опционалните елементи на алатката
  • да се консултирате онлајн со колегите за да дискутирате и да ги решавате предизвиците при користењето на алатката
  • да ги користите проценките на трошоците од алатката за да го олесните дијалогот со засегнатите страни и да поднесете барање за потреби од ресурси до Партнерската платформа за КОВИД-19 на СЗО преку прикачување на пополнетата алатка CVIC

Времетраење на курсот: Приближно 1.5 часa.

Сертификати: За учесниците кои ќе завршат 80% од материјалот на курсот, ќе биде достапна Потврда за Учество.

Преведено на македонски јазик од Learning how to use the COVID-19 Vaccine Introduction and deployment Costing (CVIC) tool, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Course contents

  • Лекција 1: Општи упатства и структура на алатката CVIC:

    Ние ќе ве водиме низ алатката преку 8 лекции. Овој модул ве запознава со алатката CVIC, а поконкретно со табелата во алатката „A1. ЗАПОЧНЕТЕ ОВДЕ“. Ќе ви ја дадеме основата и целта на алатката CVIC, ќе ви ја објасниме структурата на алатката и што треба однапред да знаете за да имате најголема корист од алатката CVIC и од оваа обука.
  • Лекција 2: Внесување податоци за целна популација, параметри за испорака и снабдување со вакцини:

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „A2. ВЛЕЗНИ ПОДАТОЦИ Популација и испорака“, што опфаќа одредување на целната популација, параметрите за испорака на вакцини и снабдувањето со вакцини.
  • Лекција 3: Внесување податоци за единечни трошоци кои се специфични за земјата:

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „A3. ВЛЕЗНИ ПОДАТОЦИ Единечни трошоци“, што опфаќа одредување на единечните трошоци кои се специфични за земјата
  • Лекција 4: Внесување податоци за трошоци на централно ниво:

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „A4. ВЛЕЗНИ ПОДАТОЦИ Трошоци на централно ниво“, што ви овозможува да ги пополните трошоците за активностите на централно ниво.
  • Лекција 5: Приоритизација на целната популација:

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „B1. Целна популација“, што опфаќа пресметување и приоритизација на големината на целната популација и на под-популациите.
  • Лекција 6: Разбирање на излезните податоци од алатката CVIC:

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „R1. ИЗЛЕЗНИ ПОДАТОЦИ“ и прикажува како да ги разберете излезите податоци на алатката.
  • Лекција 7: Мапирање на ресурсите :

    Оваа лекција ве води низ табелата во алатката „R2. Мапирање на ресурсите“, што ви овозможува да ja разгледате поделбата на проценките на трошоците и да ги мапирате потребите од ресурси со потенцијалните извори на финансирање или партнери.
  • Лекција 8: Резимиран преглед :

    Последната лекција од овој курс ќе даде кратко резиме на курсот.

Reviews

Start your review of Алатка CVIC –користење на алатката за процена на трошоците за воведување и распределба на вакцините против КОВИД-19

Never Stop Learning.

Get personalized course recommendations, track subjects and courses with reminders, and more.

Someone learning on their laptop while sitting on the floor.