Class Central is learner-supported. When you buy through links on our site, we may earn an affiliate commission.

OpenWHO

Обука за вакцинација против КОВИД-19 за здравствени работници

via OpenWHO

Overview

Сите здравствени работници вклучени во вакцинацијата против КОВИД-19 треба да имаат соодветно знаење и вештини, за да се обезбеди безбедна и ефикасна администрација на вакцините против КОВИД-19. Обуката за вакцинација против КОВИД-19 за здравствени работници е изработена за здравствени работници на првата линија во земјите. Пакетот, развиен во соработка со УНИЦЕФ, се состои од 6 модули, кои вклучуваат видео-предавања, квизови, помагала за работа, интерактивни вежби и презентации со достапните информации што можат да се преземат од интернет.

Фотографија: СЗО/Blink Media - Џилијан Супе

Syllabus

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English - Bahasa Indonesia - Русский - 中文- Tiếng Việt- العربية - Español -Nederlands - français - Português - Казақ тілі - ၽႃႇသႃႇတႆး - မြန်မာစာ - ကညီစှီၤကျိာ်

Преглед: СЗО соработува со научници, претпријатија и глобални здравствени организации за забрзување на одговорот на пандемијата и за овозможување правичен пристап и дистрибуција на вакцините против КОВИД-19. Овој курс обезбедува општи информации за КОВИД-19 и специфични информации за складирање, ракување и администрација на вакцината, за евидентирање и следење, вклучително и евидентирање и следење несакани настани по имунизација (ННПИ) и за комуникација (прифаќање и побарувачка) преку низа кратки видео-предавања и квизови за проверка на вашето знаење. Овој курс е наменет првенствено за здравствени работници од првата линија, кои ќе вршат вакцинација и ќе бидат приоритетна група за вакцинација.

Цели: На крајот на оваа обука ќе можете:

  • да го опишете патогенот (САРС-КоВ-2) и коронавирусната болест (КОВИД-19);
  • да ги објасните барањата за студен синџир и принципите за складирање и ракување во различни контексти на дистрибуција и да ги опишете опциите/постапките за отстранување на отпадот;
  • да го опишете процесот на администрација на вакцини против КОВИД-19 и да идентификувате мерки за превенција и контрола на инфекции што треба да се користат за време на сесии за вакцинација;
  • идентификувате несакан настан по имунизацијата и да објасните како да пријавите ННПИ по вакцинација против КОВИД-19;
  • да ги препознаете обрасците за евиденција и регистрација и да објасните како да ги следите лицата што не се јавиле за вакцинација; и
  • да демонстрирате ефективна и индивидуализирана комуникација за вакцинацијата против КОВИД-19.

Времетраење на курсот:: Околу 3 часа.

Сертификати: Учесниците што ќе постигнат резултат од 80% или повеќе на квизовите на обуката, ќе добијат сертификат за успешно завршена обука. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Овој курс е изработен во соработка со УНИЦЕФ. Целата содржина е одобрена од СЗО.

Преведено на македонски од COVID-19 vaccination training for health workers, 2020. СЗО не е одговорна за содржината или точноста на преводот. Во случај на каква било недоследност помеѓу верзијата на англиски јазик и преводот на македонски оригиналната англиска верзија е обврзувачка и автентична верзија.

Овој превод не е потврден од СЗО. Овој ресурс е наменет само за поддршка во учењето.

Публикацијата Обука за вакцинација против КОВИД-19 за здравствени работници во моментов се преведува на арапски, кинески, француски, шпански, руски, португалски, индонезиски, кмерски, виетнамски, македонски и казах јазик. Оваа страница ќе биде ажурирана кога ќе бидат достапни новите јазици. И вие ќе бидете известени по електронска пошта.

Course contents

  • Модул 1: Вовед во обуката за вакцинација против КОВИД-19:

    Ова е вовед во курсот, чија цел е да им се дадат клучни информации за вакцинацијата против КОВИД-19 на здравствените работници што вршат вакцинација.
  • Модул 2: Складирање, ракување, дистрибуција и управување со отпад од вакцините против КОВИД-19:

    Овој модул се состои од три дела, кои даваат информации за: програмски импликации на вакцините против КОВИД-19; управување со складирањето, транспортот и дистрибуцијата на вакцините против КОВИД-19; управување со студениот синџир во вакцинални пунктови и управување со отпад во установите.
  • Модул 3: Организирање сесии за вакцинација против КОВИД-19:

    До крајот на овој модул, треба да бидете во можност: да наведете мерки за превенција и контрола на инфекции за време на сесии за вакцинација за заштита на здравствените работници, примателите на вакцини и заедницата; да опишете како да се подготвите за сесии за вакцинација според протоколите за превенција и контрола на инфекции (во здравствена установа, за теренски активности и за кампања); и да го опишете процесот на безбедна администрација на вакцини против КОВИД-19 и отстранување на отпадот.
  • Модул 4: Следење ННПИ при вакцинација против КОВИД-19:

    До крајот на овој модул, треба да бидете во можност: да идентификувате несакан настан по имунизацијата; да опишете како да се идентификува и да се одговори на ННПИ; и да објасните како да пријавите ННПИ по вакцинација против КОВИД-19.
  • Модул 5: Евидентирање и следење на вакцинацијата против КОВИД-19:

    До крајот на овој модул, треба да бидете во можност: да ја објасните важноста на правилното евидентирање и известување; да препознаете обрасци за евидентирање и регистрација; правилно да евидентирате податоци за вакцинација и да регистрирате вакцинации во обрасци за известување и да објасните како да ги следите лицата што не се јавиле за вакцинација (ако е применливо).
  • Модул 6: Комуникација со јавноста за вакцинацијата против КОВИД-19:

    До крајот на овој модул, треба да бидете во можност: да ги опишете улогите и одговорностите на здравствените работници поврзани со вакцинацијата против КОВИД-19; да демонстрирате ефективна и индивидуализирана комуникација за вакцинацијата против КОВИД-19; да објасните стратегии за комуникација за три сценарија со членови на заедницата; и да ја објасните улогата на здравствениот работник што врши вакцинација во кризната комуникација за несакани настани по имунизација.

Reviews

Start your review of Обука за вакцинација против КОВИД-19 за здравствени работници

Never Stop Learning.

Get personalized course recommendations, track subjects and courses with reminders, and more.

Someone learning on their laptop while sitting on the floor.