Class Central is learner-supported. When you buy through links on our site, we may earn an affiliate commission.

Клиничко управување со пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби

via OpenWHO

Overview

Save Big on Coursera Plus. 7,000+ courses at $160 off. Limited Time Only!

Серијата курсеви за Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 е наменета за здравствени работници за време на пандемијата со КОВИД-19. Курсот нуди суштински податоци неопходни за обезбедување безбедна и ефективна квалитетна нега за пациентите. Во презентациите покриени се сите аспекти на клиничко управување, вклучувајќи и: подготвеност на установата и планирање на напливот; спречување и контрола на инфекцијата кај здравствените работници; траснфер меѓу установи; клиничко управување со лесна, умерена и сериозна форма на болеста кај пациенти со КОВИД-19; посебни насоки за пациенти од геријатрија, трудници и пациенти од педијатрија со КОВИД-19; рехабилитација; како и етика и палијативна нега.

Оваа серија курсеви опфаќаат видео лекции и презентации кои може да се симнат, а се обновени со податоци од последните водичи и докази. Секој модул се состои од 5 до 8 предавања, а секое предавање има квиз за проценка на здобиеното знаење од истото.

Photo credit: WHO/Netanel Tobias

Syllabus

Course information

Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:

English- Shqip - Bahasa Indonesia - Nederlands - Казақ тілі - Русский

Краток преглед: Првиот курс од серијата курсеви за Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 ги покрива Општите согледби. Истиот нуди конткест на самата пандемија и дискутира за оперативноста и подготвеноста на установата, референтните системи и трансферот меѓу установи, спречување и контрола на инфекцијата, како и улогата на палијативната нега кај пациентите. Во овој курс исто така се дискутира за етичките проблеми кои произлегуваат од негата за КОВИД-19, вклучувајќи ги и принципите за назначување ресурси при критична нега. Ако се земе предвид сѐ горенаведено, овој курс дава одговори за подготвеноста во однос на пандемија на КОВИД-19, на сите нивоа на обезбедување здравствена нега.

Општи цели:

На крајот на овој курс, учесниците ќе можат:

  • да направите поврзаност меѓу начинот на кој се развива пандемијата со КОВИД-19 и основните карактеристики на вирусот;
  • да помагате во однос на подготовките за пандемија на установата, вклучувајќи и планирање на напливот;
  • да ги опишете општите методи, и да идентификувате конкретни мерки за спречување и контрола на инфекцијата кај здравствени работници кои се грижат з апациенти со КОВИД-19;
  • да ја опишете рамката на човекови права, непристрасност и здравје;
  • да ги применувате етичките принципи со цел развивање начини на распределба на критичните ресурси, во насока на примена во време на КОВИД-19;
  • да користите практични алатки за одржување на квалитетна нега за пациентите во време на пандемија;
  • да ги опишете техниките на палијативна нега кои се применуваат при нега на КОВИД-19;
  • да идентификувате различни типови на референтни ситеми;
  • да ги објасните основните начела на трансферот меѓу установи, вклучувајќи ја и примената на методот на комуникација СКПП. .

Времетраење на курсот: За овој курс се потребни приближно 3 часа.

Сертификати: Сертификат како потврда за успешно завршен курс ќе добијат сите учесници кои ќе освојат најмалку 80% од вкупниот број на поени во текот на сите квизови. Сертификат како потврда за учество исто така ќе биде достапен за сите учесници кои ќе поминат најмалку 80% од материјалот на курсот. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.

Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Преведено на внесете јазик од Клиничко управување на пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби, 2020. СЗО не сноси одговорност за содржината или точноста на овој превод. Во случај на било каква неусогласеност меѓу англиската верзија и преводот на внеси јазик, верзијата која ќе се смета за веродостојна е оригиналната верзија на англиски јазик.

Course contents

  • Модул 1: Вовед вп КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да ги објасните начините на трансмисија на КОВИД-19; да ги препознаете знаците и симптомите за инфекција од КОВИД-19; да ги наведете ризичните фактори за сериозни заболувања; да ги идентификувате клиничките знаци за лесна, умерена, сериозна и критична клиничка слика на КОВИД-19; и да применете соодветни насоки за пристап во здравствениот систем на пациентите со КОВИД-19 за време на пандемија со КОВИД-19.
  • Модул 2: Планирање на наплив од КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да ги идентификувате клучните принципи на планот на подготвеност во време на панемија; да ги наведете четирите клучни карактеристики кај напливот (ППНС); да опишете еден пристап по нивоа за проширување на капацитетите во услови на наплив; и да дискутирате како се планира напливот за време на КОВИД-19 согласно различните можни сценарија на трансмисија.
  • Модул 3: Спречување и контрола на инфекцијата кај здравствени работници кои пружаат нега на пациенти со КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да дискутирате за општите принципи на спречување и контрола на инфекцијата (СКИ) при нега на пациенти со КОВИД-19; да поврзете како административната контрола и контролата при ракување со медицински уреди и материјали ја овозможуваат имплементацијата на СКИ; и да ги опишете конкретните мерки кои треба да се преземат во болница при нега на пациенти со КОВИД-19.
  • Модул 4: Етички принципи за оптимална нега во време на пандемија со КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да дискутирате за важноста на пандемијата и подготвеноста за катастрофа; да опишете како контекстот на тријажа може да се промени во време на пандемија или друга катастрофа; да ја објасните рамката на човекови права и принципите на непристрасност и здравје; и да ги применувате етичките принципи за да развиете варијанти на тријажа кои ќе се користат во време на пандемија или катастрофа.
  • Модул 5: Одржување квалитетна нега во време на КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да ја препознаете важноста на квалитетна нега како поддршка на ефективно менаџирање со пациенти кои имаат заболувања поврзани со КОВИД-19; да ја препознаете важноста на квалитетна нега како поддршка за одржување на основни рутински здравствени услуги во време на КОВИД-19 како одговор на ситуацијата и опоравување од истата; да ги поврзете принципите на квалитетна нега; да опишете како подобрувањето на квалитетот може да се применува во контекст на КОВИД-19; и да идентификувате практични алатки за квалитет кои ќе бидат применливи во контекст на КОВИД-19.
  • Модул 6: Палијативна нега при КОВИД-19:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да дефинирате палијативна нега; да дискутирате кога би имало потреба од палијативна нега; да дадете примери на интервенции за основна палијативна нега; и да правите разлика меѓу палијативна нега и нега при крајот на животниот век.
  • Модул 7: Трансфер и примо-предавање на акутно болен пациент:

    На крајот на ова предавање, ќе можете: Да ги опишете различните типови на медицински референтни системи; да развиете еден пристап по фази за трансфер на пациент; и да не заборавите на примената на алатката за примо-предавање Ситуација, Контекст, Проценка, Препораки (СКПП).

Reviews

Start your review of Клиничко управување со пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби

Never Stop Learning.

Get personalized course recommendations, track subjects and courses with reminders, and more.

Someone learning on their laptop while sitting on the floor.