Class Central is learner-supported. When you buy through links on our site, we may earn an affiliate commission.

OpenWHO

Промовирање на оралното здравје во здравствени установи за примарна нега

via OpenWHO

Overview

Оралното здравје е од суштинско значење за општото здравје и благосостојбата во секоја фаза од животот. За жал, оралното здравје претставува занемарена компонента од агендата за јавно здравје во неколку земји, вклучувајќи ги и оние од Источномедитеранскиот регион на СЗО – ИМР со што се зголемува можноста за бројни болести. Овој курс (поделен во два дела: Основен и Напреден) има за цел да ги подобри вештините во насока на превенција и контрола на оралното здравје кај здравствените професионалци на примарно ниво на здравствена нега, но и другите лица вклучени во оваа област; да ѝ овозможи на заедницата да има поголема контрола на факторите кои влијаат на статусот на оралното здравје кај нејзините припадници; и да им даде можност на припадниците на заедницата активно да учествуваат во донесувањето одлуки со цел да го подобрат своето орално здравје и благосостојба. Овој пакет материјал содржи 7 модули поделени на два дела, како и видео лекции и презентации кои можат да се симнат од интернет.

Syllabus

Course information

Овој курс исто така е достапен и на следниве јазици:

English - العربية

Преглед: Состојбата со оралното здравје во неколку земји, вклучувајќи ги и оние од Источномедитеранскиот регион на СЗО (ИМР) е маргинализирана во последно време како резултат на неколку фактори како на пример, недостаток од професионално обучена работна сила и основни услуги за орална нега. Овој курс е направен од еден заеднички тим на Програмата за промоција на здравје при Секторот за поздраво население, Програмата за примарна здравствена нега на Системот за универзално здравје на СЗО/ИМРК и Институтот за современи стоматолошки науки и истражувања во Пакистан. Некои од податоците споменати во текстовите на овој курс се адаптирани од „Промовирање на оралното здравје во Африка, превенција и контрола на орални болести и нома како дел од најважните интервенции кај непреносливите болести“. Овој курс претставува Основен пакет за орална нега (ОПОН). Во овој пакет истакнати се принципите на промовирањето на оралното здравје во заедницата, како и примената на пристапот на вообичаениот ризик фактор. Пакетот исто така инкорпорира неколку стратегии за превентива и лекување кои се ефикасни, изводливи, имаат пристојна цена, и се општо земено прифатени во заедницата, и кои исто така можат да бидат обезбедени преку веќе постоечката рамка на системот за примарна здравствена нега (ПЗН) кој најчесто преовладува во земјите со мали ресурси.

Курсот е поделен на два дела. Дел 1: Основен (Модул 1-4) кој ја објаснува основата на вообичаените дентални заболувања и нивните ризик фактори; нивната епидемиологија и етиологија; како и начините на кои орално се манифестираат вообичаените системски заболувања. Дел 2: Напреден (Модул 5-7) кој располага со информации за превенцијата од орални болести од страна на здравствените работници одговорни за примарна нега; орално здравје и следење на болестите; и справување со застапените орални болести и заболувања на ниво на примарна здравствена нега.

Цели на курсот: На крајот на овој курс, учесниците треба да можат:

  • Да научат за основната структура на забот, епидемиологијата, етиологијата, анализа на ситуацијата и ризик факторите на вообичаените орални заболувања, првенствено во Источномедитеранскиот регион на СЗО;
  • Да ги идентификуваат вообичаените ризик фактори на оралните болести и на главните незаразни болести (НЗБ);
  • Да изградат став за основните принципи на промовирање и поддршка на оралното здравје, и за социјалните детерминантни на оралното здравје.
  • Да го продлабочат своето знаење во однос на различните мерки на превенција на оралните болести.
  • Да го продлабочат своето знаење за индикации на оралното здравје и следење на статусот на оралното здравје.
  • Да ги разберат и да ги применуваат протоколите за дијагностицирање и справување со вообичаените орални болести во контексти на мали ресурси.

Времетраење на курсот: Приближно 3 часа.

Сертификати: Потврда за учество ќе биде достапна за сите учесници кои ќе завршат 100% од материјалот на курсот.

Преведено на македонски јазик од Promoting oral health in primary health care settings, 2022. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.

Reviews

Start your review of Промовирање на оралното здравје во здравствени установи за примарна нега

Never Stop Learning.

Get personalized course recommendations, track subjects and courses with reminders, and more.

Someone learning on their laptop while sitting on the floor.